Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци или партии. Да разјасниме за јавноста, ваков е случајот на поранешната претседателка на Судскиот Совет, Весна Дамева која беше и дел од партиски комисии на СДС пред да стана дел од правосудството, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме интегрално.
Весна Дамева, која работеше единствено по насока на СДС, а во тоа време на менторот на Филипче, Зоран Заев, на затворена седница на Судскиот Совет, сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев кој требаше да стане член на Судскиот Совет.

Постапката која требала да се води против Ѓорѓиев, била чувана во фиока со години, а со помош на Весна Дамева таа постапка зад очите на јавноста била сопрена со што тогаш се озвоможи Наќе Ѓорѓиев да стане член на СС.
Наместо квалитетни и компетентни кадри да си ја извршуваат работата на судии и обвинители, поради вакви случаи како Дамева и Ѓорѓиев, чесните кадри во правосудството не можат да дојдат до израз.
Колку свои луѓе имаат Дамева и Ѓорѓиев во судството за да продолжат да работат за нивен интерес, а во превод штитење на кадри или блиски лица на СДС? Зошто граѓаните да одвојуваат се повеќе пари од своите џебови? За да можат вакви поединци да го уништуваат и узурпираат судскиот систем?
Граѓаните не заслужуваат оние што треба да ја донесат правдата, да бидат активни чинители на неправдата. Тие треба да бидат адекватни луѓе, луѓе со кредибилитет.




