Пратеникот Бране Петрушевски на собраниската Комисија за финансирање и буџет, се обрати кон Левица, кои поднесоа амандман кој веќе во реалноста се реализира, а тоа е реконструкцијата на студентските домови.
-Ова е политички дилетантизам, ова не е само непочитување на собранието и пратениците, туку и непочитување на народот. Додека некој овде со денови чита амандмани од точка до запирка, некој седи дома и поднесува амандмани којшто се реализирани, навистина не можам да го квалификувам поинаку од политички дилетантизам и непочитување на граѓаните, истакна Петрушевски.
Тој дополни дека Левица наместо да се занимава со вистински политики, тие се изживуваат врз колегите во собранието, а со тоа и кон народот кој ги избрал.
-Ова не е никаква политика што го прави Левица, туку едно изживување и една импровизација врз грбот на граѓаните, затоа што се дебело платени за ова коешто не го работат, заклучи Петрушевски.




