По 50.000 евра за четири маркети и над 18.500 евра за Сојузот на стопански комори се прекршочните санкции за картелското здружување, одлучи Комисијата за заштита на конкуренција. Комисијата утврдила дека овие правни субјекти на состанок во февруари направиле забранет договор и усогласено дејствувале спротивно на Законот за заштита на конкуренција.

Актуелното раководство ќе ја почитува одлуката на КЗК-вели новиот претседател на Сојузот, Горан Ѓеорѓиевски. Никој од раководството не бил консултиран за спорните состаноци што доведоа до казната, додава тој.

Целта на казната од КЗК е превенција од идни нарушувања, заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција.