По Рамиз Мифтари, одговорен на возниот парк, и газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули денеска не се појави во затворот „Идризово“ да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени.
Според судијата за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, Дурмиш Белули добил уште едно одложување во бесконечната серија одложувања на затворската казна, зашто сега ќе го оперирал вториот тестис. Како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК, Белули првата кила на тестис ја правен во октомври.
По неколкукратни одлагања на затворската казна од 10 години, исто така поради операција на кила на тестиси, минатата недела го снема Ремзи Мифтари, одговорниот на возниот парк во „Дурмо турс“. По него веќе е распишана потерница.
Двајцата добија правосилни пресуди уште на 9 мај годинава, но нивното затворање оди тешко. На 9 мај Апелациониот суд Скопје на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна, т.е. од четири, на десет години. На Ремзи Мифтари му ја зголеми од шест на десет години затвор.
Судијата за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека денеска отишол во Тетовската болници и разговарал со хирургот на Белули.
„Лекарот стои зад своето специјалистичко мислење дека осудениот треба да се оперира“, вели судијата.
Во несреќата со автобусот на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, загинаа 16 лица…
Да, сите се возиме во ист автобус…
Или, сепак, НЕ?




