Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3.8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21.0 % и Информации и комуникации од 7.4 %.
Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26.1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31.1 % во третото тримесечје од 2025 година.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80.2 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6 %.




