Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека, наводно, со впишување на Бугарите во Уставот Македонија значително ќе сме го забрзале присоединувањето кон Европската Унија.

– Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство – изјави Радев на приемот за претставниците на организациите на Бугари од Македонија, кои во полн состав, сите 10 души на број, се собраа и дојдоа да го посетат првиот човек на источниот ни сосед кој со години ја блокира иднината на нашата држава. Беа порадикални и поголеми Бугари и од Радев.

Тој изрази надеж дека македонските власти ќе го спроведат „европскиот компромис“ од 2022 година, кој го потпиша Таче на Заев со Бујар Османи и компанија, неколку месеци по катастрофалниот резултат на Локалните избори 2021, односно без никаков легитимитет зад себе и со 61 беден пратеник во колаиција.

– Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата – рече Радев, кој не кажа дека се работи за 0.42 насто од македонкото население.

Претставниците на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани (во секоја по два-тројца членови), пак, пред шефот на бугарската држава беа порадикални и од него, поголеми попови и од папата и категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство, бидејќи станувало збор за наводно гарантирање на основните човекови права, подривајќи го директно и јавно просперитетот на државата во која живеат.

Не кажаа дека се бара народ кој со векови работти и ја подрива државноста на Македонија (како и тие сега) да се стави во уставот како државотворен народ…

Извор: Курир

Фото: архива