Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Како што информира УХМР, до крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен, соопшти УХМР.