Украинските и руските власти утрово објавија дека собориле повеќе од 130 дронови над нивните територии во текот на претходната ноќ, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Руските сили ја нападнаа Украина претходната ноќ со 153 нападни дронови од типот „Шахед“ и „Гербера“, лансирани од регионите Курск, Орјол, Приморско-Ахтар, Милеровск, Шаталовск, Шудина и Гвардија, објавија утрово украинските воздухопловни сили, прецизирајќи дека ги собориле 133 дронови.

Од друга страна, руските единици за воздушна одбрана објавија дека собориле 130 украински дронови во текот на ноќта, од кои 15 се движеле кон Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека уште четири дронови што летале кон главниот град на Русија биле соборени утрово.

Московските аеродроми Домодедово и Жуковски, заедно со други аеродроми во јужна Русија, беа принудени да ги прекинат операциите, наведе Руската управа за цивилно воздухопловство.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека еден високонапонски далновод бил оштетен во напад со беспилотно летало ноќе.

Нема извештаи за можни жртви.

Нападите се одвиваат додека се водат преговори за прекин на конфликтот.