Ова е дел од интервјутот на Меган Кели со д-р Патрик Сун Шипнг. Интервјуто е од пред неколку месеци, но се уште е актуелно и ќе биде и во иднина.

Патрик Сун-Шионг: Кога примате хемотерапија, кога примате зрачење, погодете што прави тоа? Ги уништува вашите NK клетки и Т-клетките (природни клетки убијци и Т-клетките и двете одговорни за да ве заштитат од рак, н.з.) . Размислете што правиме веќе 40 години. Нѐ обучуваа, како што веќе реков, да размислуваме краткорочно, со идеја дека туморот се намалува со хемотерапија и зрачење). Тоа во жаргонот на ФДА го нарекувате „одговор“, односно стапка на одговор. Но потоа доаѓа до метастази и потоа луѓето умираат. А причината зошто добиваат метастази е што, за да се постигне тој краткорочен „одговор“ на намалување на туиморот, ги уништувате токму клетките кои ви даваат имунолошка меморија и ви овозможуваат долг живот, долг животен век.

Мегин Кели: Значи, првото нешто што би го направиле ако имате некој близок што добил рак, било каков рак, и ви рече: „Докторе, ве молам помогнете ми“, првото нешто што би го направиле е да го започнете со оваа програма (програма на лекување со БиоШилд на д-р Шионг чија основа е Анктива, вакцина изумена ода Шионг која ги разбудува природните клетки убијци и тие делуваат против секој вид канцер, но ФДА не му дава дозвола)?

Патрик Сун-Шионг: Ова е причината зошто сум во очај. Ние ги испративме датотеките до вашиот тим. Сега имаме над 10.000 барања (барања за лекување во неговата клиника на болни од канцер, н.з.). Мојата клиника може да има капацитет за само 20 до 30 луѓе. Секој пат кога ќе кажеме „не“, чувствувам огромен очај затоа што знам што ќе му се случи на пациентот на кого му велиме „не“. Но не мора да велиме „не“, затоа што ова би требало да биде достапно за целата држава.

Целото интервју можете да го проследите на овој линк