Со традиција подолга од 20 години, нуркачите на Нуркачкиот центар Амфора во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги новогодишните и божиќните празници.

Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден.
Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна.
Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро!





