Коверти на кои пишува дека се испратени од Индија, а кои содржат непозната супстанца во прав, биле откриени на шест грчки образовни установи, меѓу кои пет универзитети, јави МИА од Атина.
Според грчките медиуми, од универзитетите на островите Крф и Крит, во градот Волос, на атинскиот Политехнички унивезитет, како и од пораншниот Педагошки факултет во Атина, било пријавено дека пристигнале коверти кои содржеле прав.
На Крф, според грчката новинска агенција АНА-МПА, вработените во поштата ја известиле грчката полиција дека забележале сомнителен коверт од Индија адресиран до Јонскиот универзитет што се наоѓа на островот. Вработените во поштата што дошле во контакт со пратката ќе бидат ставени во карантин.
Последниот сомнителен коверт бил откриен во градот Волос.
Вчера, писмо со сомнителна прав беше пронајден на грчкиот остров Лезбос, адресирано до ректоторката на тамошниот Универзитет, а вработените кои го отвориле ковертот се во карантин во болница.