СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.У.(18) од с.Желино, тетовско и 16-годишник од с.Групчин, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 22.10.2025 во угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале А.Р.(19) од тетовско и 15-годишник од тетовско, при што првопријавениот употребил и тврд предмет.
На 21.12.2025 во 21:20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.А.(52) од Скопје, затоа што претходно во спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.К.(59) од с.Сарај, скопско, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.




