Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома, е трозначна речница, изјава од лидерот на ДУИ, Али Ахмети која наиде на потсмев кај граѓаните и на социјалните мрежи.

Ахмети стана предмет на дузина шеги и тролања по социјалните мрежите, по изјавата на брифинг со новинарите. Објавуваме дел од ироничните коментари со кои се исмева Ахмети:

„Али Ахмети се пожали дека не му работи ГПС-от.“ „Грд начин да признаеш дека имаш деменција.“ Ова е дел една од стотиците шеги на сметка на лидерот на заминување во ДУИ кој несреќно срочи:

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома“. Оваа трозначна речница, која сега е предмет на дузина тролања по соц-мрежите, самиот Алија непримислено ја кажал на брифинг на новинарите.

Се пофалил дека никој во Македонија не знае подобро да прави национализам од него и дека тој ја уништил Југославија. Затоа, следствено на искреноста, на  интернет го обвинија и за војната во Виетнам, за Пунските војни, за онаа во Ирак, во Сирија, а најнова му била онаа во Украина. Се спремал и за судирот на Гренланд.

Ахмети со сиот ум го условил и влегувањето на ДУИ во секоја идна влада со Бадентер по чиј принцип би се правел и изборот на владата и би се носеле одлуки во Уставнииот суд.

Следно било и сите куќни совети да имаат Бадентер, да го има по пазарите, по фамилии и во кладилниците. Крајна идеја била и за умирачка, да мора да се консултира Бадентерот, па ако даде, даде, ако не, тоа тие е…