Кошаркарската федерација на Македонија денеска, во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание.
Верификациската комисија утврди дека на седницата на Собранието беа присутни 39. од 45. делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации со право на глас.
На седницата беа донесени одлуки за услогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми на Кошаркарската федерација на Македонија.
На собирот на највисокото тело на федерацијата се дискутираше и за некои укажувања од страна на претставници на Здружението на младински лиги и тренерската организација.
Кошаркарската федерација на Македонија апсолутно ги поддржа нивните размислувања и идеи, и изрази максимална подготвеност за имплементирање во кошаркарските регулативи во наредниот период.
Во оваа прилика, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и вработените, ви ги честитаат новогодишните празници, со желби за уште поголеми успеси на спортски план.




