Американскиот претседател Доналд Трамп ја бранеше во градот Мекален, на границата со Мексико својата идеја за изградба на ѕидот што предизвика расправа со демократите и делумна блокада на американската администрација.
– Тоа е прашање на здрав разум. На нив им треба пречка, за нив треба ѕид. Без тоа ќе имаме само проблеми. И многу мртви, рече Трамп. Тој додаде дека „нема ништо подобро од ѕидот“.
Американскиот претседател бара 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот што го вети во кампањата додека негови политички противници одбиваат деблокада на средствата за проект што го сметаат за неморален, скап и неефикасен. Поради застој во расправата а буџетот, повеќе од две недели околу 800 илјади вработени во федералната влада не примиле плата.
Продолжување на блокадата „сериозно би се влијаела“ врз економијата на државата, предупреди шефот на американската централна банка Џером Пауел,