Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните. За таа цел се подготвуваат и законски измени, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Според него, казните за големите маркети и трговците кои го изигруваат законот и ги договараат цените ќе се зголемат од 20.000 евра на 200.000 евра.

Да, ќе има десеткратно зголемување на казните посебно за големите маркети. Место да имаме казна 20.000 евра, да се движи над 100.000 евра, да биде и 200.000 евра казна. Меѓутоа тоа сепак треба повторно да го разговараме сите и да го договориме на едно ниво кое ќе значи и заштита на стандардот на граѓаните од вакви изигрувања, картелски здружувања – изјави Ристески во гостување на Телевизија 21.

Тој најави дека следната година ќе има одредени промени во законот, посебно во казнената политика на законот.