Заради зачувување на финансиската стабилност и ликвиност, еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година, во првиот квартал, ќе биде поделена на два дела од по 500 милиони евра со различен рок на доспевање, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинари.

Издавање на еврообврзницата во два дела со доспевање во различен временски период е да се одржи стабилноста на јавните финансии на долг рок и да се обезбеди ликвидност за сервисирање на обврските што доспеваат – рече таа.

Засега се уште се прават анализи за рочноста на еврообврзницата, која би се издала во 2026 годинава, а според министерката целта на овој модел е поголемата атрактивност кај инвеститорите за еврообрзниците коишто се над 500 милиони евра бидејќи може да се тргуваат на секундарниот пазар.

Еврообврзниците под 500 милиони евра, имаат поголема камата и не се привлечни за секундарниот пазар- додаде Димитриеска Кочоска.

Средствата се потребни за исплата на Еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра која доспева во 2026 година.