Шаманите во Перу се собраа на годишниот новогодишен обред вчера во главниот град Лима, каде што предвидуваа за годината што доаѓа. Меѓу поважните прогнози се болеста за американскиот претседател Доналд Трамп, крајот на руско-украинската војна и падот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

– Соединетите Американски Држави треба да се подготват, бидејќи Доналд Трамп ќе се разболи сериозно, изјави Хуан де Диос Гарсија.

Шаманите носеа големи постери од светски лидери, преку кои вкрстуваа мечеви, кадеа темјан, а некои од нив и беа згазени. Освен Трамп и Мадуро, шаманите истакнуваа и постери од рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Го гледаме Николас Мадуро поразен. Николас Мадуро ќе избега од Венецуела. Тој нема да биде заробен, додаде Гарсија.

За домашните прилики, тој предвиде дека Кеико Фуџимори – ќерката на поранешниот претседател Алберто Фуџимори, ќе излезе како победничка на претседателските избори во Перу, по три неуспешни обиди.

– Жената која сонува да владее со Перу, можев да видам преку вачумата (растението на предците) дека Кеико Фуџимори ќе биде претседателка во 2026 година, рече тој.

Шаманите, исто така, го предвидоа крајот на војната меѓу Русија и Украина, пренесува „Вион“ (Wion).

– Гледам дека судирот ќе заврши – тие ќе го кренат знамето на мирот, рече Гарсија.

Обредот се изведува секоја година кон крајот на декември. Шаманите, имаку, претходно предвидоа крај на украинската војна – во 2023 година.

Фото: Јутјуб