Џон КИРЈАКУ

(Кирјаку е бивш офицер на ЦИА, кој одлежа две години затвор затоа што јавно зборуваше за методите на мачење кои се применуваат во Гвантанамо. После излехгувањето од затвор, не можел да с евработи ниту како таксист. За него, се било блокирано. Во последно време е чест гостин на разни подкасти, на кои зборува за американската политика, јавно критикувајќи ги властите на САД. Ова е комплиција на извадови од неколку негови јавни настапи)

Кога Путин првпат стана претседател, тој ја изнесе идејата Русија да се приклучи на НАТО, а Клинтон рече дека таа идеја не му се допаѓа. И рече, во ред, ако не ја пуштите Русија во НАТО, барем не дозволувајте ниту една од земјите на нашата граница да се приклучат на НАТО. Клинтон се согласи.

Следно, Латвија, Литванија, Естонија и Полска се приклучија на НАТО, а тие се директно на руската граница. И Путин рече: „Еј, ни ветивте дека нема да дозволите ниту една од овие земји да се приклучат на НАТО“. а, нашиот одоговор беше: “Ах, извинете, се предомисливме. Знаете, стратешко планирање и сето тоа.”

Потоа, кога Обама стана претседател, на самит со Путин, рускиот претседател рече: „Разговарав со Клинтон пред неколку години за членството на Русија во НАТО. Тоа е нешто што би сакале да го истражиме“. И Обама рече: „Не мислиме дека тоа ќе се случи“. И рече: „Добро, па, ме излажавте за овие други земји што ќе се приклучат на НАТО, затоа не дозволувајте Украина да се приклучи на НАТО. Инаку ова ќе биде сериозен проблем“. И тој рече: „Добро, добро, нема да го сториме тоа.“

И потоа Џо Бајден станува претседател и е како: „О, знаете, Украина би била одличен додаток на НАТО унијата.“ И Русите рекоа: „Е, сега е доста“

——

Во Украина имаше проруска влада која беше соборена по налог на Соединетите Американски Држави во 2014 година. Како тоа да не беше доволно лошо, штом тоа се случи, тие сакаа да зборуваат за приклучување на Украина кон НАТО.

Повелбата на НАТО зборува за заштита на земјите-членки од Советскиот Сојуз. Советскиот Сојуз повеќе не постои. Тогаш зошто постои НАТО? Знаете, и во Повелбата пишува дека НАТО постои за да ги брани земјите-членки. Зошто тогаш имавме трупи на НАТО во Авганистан? Авганистан не е во Европа и не е земја-членка. Зошто имаме трупи на НАТО во Сирија или во Ирак или во Либија или во Сахел? И тоа дури и не му беше познато на американскиот народ. Тоа беше случајно откриено.

Зошто имаме трупи на НАТО во овие земји? Тие не се под закана од Советскиот Сојуз. Па Русите го гледаат ова и велат: „Да, овие луѓе од НАТО се подготвени да направат сè. Ова е застрашувачки.“ Русите навистина веруваат дека имаме намера да ги нападнеме и да ја собориме нивната влада.

———

Една од техниките, всушност има две техники што ги користи владата. Едната се нарекува venue shopping, каде што ќе ве обвинат во федералниот округ каде што е најверојатно да бидете осудени и да добиете максимална казна. Тоа е Источниот округ на Вирџинија. Таму поротата би била составена од луѓе од ЦИА, ФБИ, Пентагон, изведувачи од разузнавачката заедница. Немате никаква шанса.

Другата техника се нарекува charge stacking, што исто така го направија и со мене. Да речеме дека мислат дека можат да ве фатат за едно обвинение. Ќе ве обвинат со 5, 10, 20 кривични дела. Ќе чекаат додека не банкротирате, а потоа ќе се вратат и ќе кажат: „Во ред, ако прифатите признавање вина за едно дело, ќе ги отфрлиме сите други обвиненија.“ Па, што да направите?

ProPublica објави студија во ноември 2012 година во која утврдија дека федералната влада добива 98,2% од своите случаи, речиси сите како резултат на договори за признавање вина, поради charge stacking и venue shopping.

——

Кога бев во Кина, ме изненади колку малку места прифаќаа “Мастеркард” и “Виза”. Наместо тоа, прифаќаа картичка наречена “Панда” картичка, и сите имаа вакви „Панда“ картички. Затоа го прашав еден од трговците: „Каква е оваа “панда” картичка?“ Неговото објаснување беше сосема на место.

Тој рече: „Со “Виза” и “Мастеркард”, бидејќи се американски компании, сите трансакции минуваат преку Њујорк.“ И така, дури и ако за трансакцијата да помине низ Њујорк е потребна само една десетинка од секунда, таа сè уште се смета за американска трансакција. Па ако американската влада воведе санкции, ние не можеме да ја извршиме таа трансакција. Ние ја создадовме “Панда”, каде што сите трансакции минуваат преку Шангај, кој е нивниот банкарски центар. Така, ако Американците ни воведат санкции,“ рече тој, „не ни е гајле. Не ни требаат “Виза” и “Мастеркард”, ја имаме “Панда”.“

Сега, не само што земјите од БРИКС ги поврзуваат своите економии, туку зборуваат и за заедничка валута, слична на еврото. Ако имаат заедничка валута, американските санкции ќе станат безвредни. Минатата година, за првпат, Кина купи пратка нафта од Кувајт и ја плати во јуани наместо во долари. Тоа никогаш порано не се случило.