Град Скопје набргу ќе го избере и објави најдобро украсениот дом во главниот град.

За изборот ќе одлучува формираната комисија и сопственикот на најдобро украсениот дом ќе добие парична награада.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека по повеќе години Град Скопје повторно оваа година објави повик и условите биле „ јасно и јавно пропишани“.

-Предвидена е парична награда за најдобро украсениот дом што ќе биде избран. Град Скопје има формирано комисија која е задолжена за изборот, во таа работа јас не се мешам. Условите беа јасно и јавно пропишани, така што за брзо ќе биде избран и објавен најубаво украсениот дом во градот Скопје, рече Ѓорѓиевски одговорајќи на нвовинарско прашање при посетата на првото родено бебе во 2026-та на Клиниката за гинекологија и акушерство.