Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека опозицијата очекува некој од Европскиот парламент да го уапси претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во изјава за телевизијата Пинк таа наведе дека тоа е желба на претседателот на партијата Србија центар (СРЦЕ), Здравко Понош.
„Тие очекуваат странски окупатор да го уапси Вучиќ и да ги постави на власт. Тие сакаат да го уапсат легитимно избраниот претседател, со историски највисока поддршка од народот во Србија“, изјави Брнабиќ.
Таа доддаде дека нема да се сретне со членовите на мисијата на ЕП кои треба да бидат во посета на Србија од 22 до 24 јануари, бидејќи во тој период ќе биде во работна посета на Естонија.




