На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милиони евра, објави Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви е пласиран во хартии од вредност (74,2 проценти) по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти).

Како што изјави неодамна гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се повисоки за речиси 50 проценти во однос на 2019 година и се на комотно ниво, кое гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции доколку се укаже потреба.

– Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментот изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди, рече Славески во телевизиско гостување.

Фото: принт скрин од Извештај на Народна банка