Поради електронско внесување на податоци за патници кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментално е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

-Секој патник што не е со европски пасош Бугарите го внесуваат во системот – се земаат слики и отпечатоци. Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути, изјави за МИА граѓанин од Делчево кој годишниот одмор ќе го користи во соседството.

Од македонска страна, граничната контрола се одвива редовно и без застои, а гужвата се создава исклучиво поради дополнителните проверки и процедурите на бугарска страна.