Жената која беше прегазена на улицата „Народен фронт“ во скопски центар, починала попладнево, велат од Ургентниот центар каде беше пренесена по сообраќајката.
МВР сѐ уште трага по возачот, кој ја прегази жената која е на возраст од околу 75 години, во близина на ТЦ „Зебра“ и избега.
На улицата на пладне беше видлива крв и скршен ретровизор, а полиција изврѓи увид.




