Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери, рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално.

Преку дигиталната платформа „МИЦКО.мк“ до АКТ граѓани доставија нови информации за фирмата за која веќе еднаш говоревме и кои денеска ќе ги објавиме.

Станува збор за „Пирамид билдинг солушнс“. Фаворит за добивање тендери во општините под контрола на ВМРО.

Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер.

51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра!

Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не може да се добројат.

Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендри. Од Гази Баба – 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија… секаде каде што градоначалниците се од ВМРО.

Низа тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма.

Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата.

Последниот тендер во декември 2025 година е со Град Скопје.

Веднаш по седнувањето на Орце Ѓорѓиевски во фотелјата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра.

Кога седна Орце во градоначалничката фотелја кога добија тендер.

Ова е уште еден пример како власта си дели тендери по свој терк.

Свиркачите, кои ни ги доставија информациите преку дигиталната платформа „МИЦКО.мк“ наведуваат дека брачни другари на високи финкционери во ВМРО биле дури и на платен список на оваа компанија преку договори за дело.

Овие информации ги истражуваме и дополнително ќе ги објавиме. АКТ ќе го разоткрие целиот систем за испумпување на парите на граѓаните.

Сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација?

Еве зошто. За пари. За криминални тендери.

Јавното обивнителство, Финансиската полиција, ДКСК дали уште ќе молчат или, конечно, ќе преземат нешто за скандалите што ги објавува СДСМ?

Ние секојдневно ќе ги прозиваме.

Ова е нов случај со 51 тендер и 16 милиони евра! А немаме одговори за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милион евра за фирмата блиска до ЗНАМ од „Пошта“. Еден месец нема никаква реакција. На сите треба да им биде јасно дека ќе се одговара!

Одговорност ќе има, когаш-тогаш.

Работата не е завршена!

Скопје, 12.1.2026

Центар за комуникации СДСМ 

фото: СДСМ