Европската унија и Русија се во состојба на војна, изјави гувернерот на Централната банка на Летонија, Мартинс Казакс, во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Казакс нагласи дека иако во еврозоната не се случуваат вооружени борби, постојат голем број активности кои, според него, укажуваат на воена состојба.
Тој ги наведе кибер нападите насочени кон земјите од Европската унија, саботажа на подводни кабли и појавата на беспилотни летала во близина на аеродромите и воените бази низ Европа.

„Идејата дека Европа не е во војна е наивна“, рече Казакс, повикувајќи ги европските политичари јавно да ја признаат реалноста на континентот.

Според него, евентуален воен конфликт на територијата на една од земјите-членки би можел да предизвика сериозни нарушувања во финансиската стабилност и функционирањето на банкарскиот систем.

фото: Принтскрин ФТ/Сајт