ДРАМА ВО ХЕРНИНГ: Инфаркт меч меѓу Македонија и Португалија – Серафимов ја испушти топката и немавме шанса за победа (ФОТО)

/ 18.01.2026

Невидена драма во Хернинг. Македонската ракометна репрезентација успеа да ја изненади големата Португалија, но не и да дојде до победа, одигра без победник 29-29, реми кое многу тешко може да не однесе во главната рунда.

Португалија го имаше последниот напад, противникот на два пати шутираше, првиот пат топката се врати во рацете на Португалците, а при втората одбрана на Томовски, топката заврши во рацете на Серафимовски. Имаше уште 10 секунди за наш напад и победа, но необјасниво, Серафимовски ја испушти топката, таа заврпи надвор од теренот, тоа им донесе уште еден напад на Португалците и тоа беше крај на нашите надежи – Македонија-Португалија 29:29.

Последната средба од групната фаза се игра на 20. јануари противник е Романија.

 


Од истата категорија