Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 7 степени.

Според УХМР, до сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со појава на магла во претпладневните часови по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, додека на планинските предели ќе има снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен Целзиусов, а максималните дневни ќе достигнат од 6 до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, повремените локални врнежи од дожд ќе продолжат и во недела, а пообилни врнежи се најавуваат за во понеделник, кога на некои од повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Краткотрајно стабилизирање на времето се очекува во вторник, додека од среда повторно следува период со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.