Им честитам на овој чекор на превозниците, на овој потег, бидејќи ова не е првпат. Еве, конкретно Македонија, уште од распадот на Југославија постојано си играат мајтап со нас и ние молчиме и се правиме недоветни. И знаете, има уште поконкретен одговор на тоа доколку тие и натаму немат слух за нешто што е практично и толку нормално. Треба да се направи иста мерка кон нив, да се договорат сите овие земји кои се засегнати со тоа – и камионџиите од европските земји на наша територија да можат да бидат само по 6 месеци. Така, ќе им вратите, изјави поранешниот анбасадор Ристо Никовски во интервју за ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски.
-Знаете, во меѓународните односи основно правило е реципроцитетот. Вие нам, ние – вам. Ме радува тоа што сите балкански засегнати држави се договорија и излегоа, што „покажаа заби“. Се додека „не покажеш заби“ кога си прав, никој не те есапи. Ако сте спремен да голтате кнедли, ќе голтате само поголеми и поголеми, нема да се намалуваат, ниту некој ќе рече, ајде „греота се“, ќе продолжат, посочи Никовски во „За или против“.
На прашањето, што би се случило кога, не дај Боже, наместо сегашната македонска влада, во оваа деликатна ситуација би била некоај влада предводена од Заев, Ковачевски или Филипче, а ни се случуваше ова со транспортерите/превозниците, како тие ќе реагираа за разлика од сегашната стамена реакција на актуелната Влада, Никовски вели:
-Ќе голтаа кнедли, ќе голтаа и ќе продолжеа со истата полтика на прифаќање на се’ што ќе им се каже и наложи од странците. Ќе велеа: „Од Брисел така ни рекоа!’ Па што ако така ви рекле, па тоа не е некој „светски центар“, во Брисел не одат по Библијата па да мора за се’ да ги слушате, па дури и Библијата има различни верзии, значи ништо не е крајно или дефинитивно. Уште Абрахам Линколн има кажано: „Ништо не е дефинитивно решено, додека не е коректно решено.“ И тоа е факт. Тоа важи и за Договорот од Нивици, за Договорот за „непријателство“ со Бугарија, се’ што не е коректно и принципилено решено, се’ е на маса за да се додефинира, да се промени и да се прилагоди на реалните услови, на реалните потреби и на правдата ако сакате, посочи поранешниот амбасадор и колумнист во интервјуто за Алфа.




