Сè  што треба за Филипче да знаете е дека кога умираа по 100 луѓе дневно во короната, д-р смрт договарал провизии од набавка на вакцини, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, насловено како реакција на Венко Филипче, што МИА го пренесува интегрално.

Слушаме Венко Филипче се фалел како добро владата на СДС се справувала во периодот на корона и енергетската криза.

Благодарејќи на ова добро справување со КОВИД пандемијата, според СДС и Филипче, изгубивме без малку 10.000 наши сограѓани, по 100 на ден, а да не заборавиме дека поради доктор смрт изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница.

Во КОВИД пандемијата, желбата за пари на Филипче му светна во очите. Сакаше да договори вакцини по трипати повисока цена од фирма која продава јужноамерикански производи, сакал да преземе насилно приватна болница со Заев, делеше тендери на неговата омилена компанија Пановски, крвавиот тендер на кој Филипче сакаше да го протурка вреден 35 милиони евра, непостапувањето во случајот со Онкологија каде што пациентите добивале физиолошки раствор место лек.

Но, да не ги заборавиме и останатите економски придобивки од Филипче и СДС во тоа време, како на пример АУДИ-то на Филипче подарок од компанијата која добиваше тендери за ископ на јаглен, околу 9 милиони евра за снабдување на ЕСМ со јаглен завршија во фирма на Заев во Бугарија на истата локација каде што и Филипче има фирма. Да не го заборавиме и 50% зголемување на сметките за електрична енергија кое граѓаните го добија благодарение на одличните политики на СДС и Филипче. Да не ги заборавиме и плацовите во Дојран на Филипче и Заев, каде што изградија фотоволтаици со менување на ДУП-от од страна на нивниот градоначалник. Да не го заборавиме и неговиот другар Васко Ковачевски, кој го покраде ЕСМ и избега, фотоволтаиците за сопругата на Димитар Ковачевски.

Овие одлични политики благодарение на Филипче и СДС, придонесоа за тој да може заедно со Заев да купуваат акции во индиска авиокомпанија, да купат станови во Дубаи, едниот да гради 42 катница во Дубаи, да возат јахта во вредност од околу милион евра, додека уживаат во скапо приготвените деликатеси на грчката кујна.

Ете ова донесе Филипче заедно со Заев на македонската политичка сцена. Смрт, банкрот и ужас кај народот. СДС, Филипче и Заев – никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ