Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Новиот состав на ДИК, кој вчера беше изгласан од пратениците го сочинуваат, се Бојан Маричи претседател на Комисијата, Абдуш Демири потпретседател и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.
Фото: Архива




