Почеток на меѓународна работилница за сајбер безбедност, дигитална трансформација и eIDAS 2.0 најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук.
Со поддршка од Европската Унија и со значајна експертска помош од нашите партнери од Република Грција, денес ја започнавме TAIEX работилницата посветена на јакнење на сајбер безбедноста, унапредување на дигиталното управување и имплементацијата на eIDAS 2.0 и Европската рамка за дигитален идентитет (EUDI), стои во соопштението.
Дигиталната трансформација не е само технолошки процес, таа е и стратешка државна определба. Преку размена на европски искуства и практични решенија, особено од Република Грција, ги јакнеме институционалните капацитети, меѓуинституционалната координација и интероперабилноста, со цел граѓаните и бизнисите да добијат побрзи, поедноставни и посигурни услуги, стои во соопштението.
Благодарност до Европската Унија за поддршката преку TAIEX и до Република Грција за партнерството и споделеното знаење, стои во соопштението.
М.П.




