Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави вести од Брисел во врска со протестот на превозниците.
„Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме.
После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.
Во прилог најзначајниот дел од неа“, објави вице премиерот Николоски.
Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем“, потенцира во објавата Николоски.




