Денеска присуствувавме на годишниот брифинг за борбената готовност на Армијата за 2025 година, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Брифингот беше посветен на разгледување на тековните состојби и активностите насочени кон јакнење на одбранбените капацитети и континуирана модернизација на Армијата. Посебен акцент беше ставен на значењето на постојаната набавка на современа опрема и вложувањата во човечкиот потенцијал како клучни за одржување на високото ниво на борбена готовност и за зајакнување на безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Армијата останува столб на безбедноста и стабилноста на државата, подготвена, модерна и посветена на заштита на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедната иднина на граѓаните, истакна Мисајловски.




