Новак Ѓоковиќ на грен слем турнирот во Мелбурн во полуфиналето на Австралија опен го совлада Италијанецот Јаник Синер.

Србинот успеа да стигне до своето ново финале каде што ќе го брка својот 11 трофеј во Мелбурн, или вкупно неговата 25 грен слем титула.

Ѓоковиќ триумфираше против Синер со 3:2 во сетови 3:6, 6:3, 4:6, 6:4 и 6:4 по четири часа и 12 минути игра.

Српскиот ас ќе игра во финалето против Карлос Алкараз, кој го победи претходно Германецот Александер Зверев во пет сета.