Раководството на ССМ на чело со Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски наместо реална поддршка на работниците продолжуваат со политички калкулации по насока на СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека ССМ на чело со Трендафилов, Пешевски и Деаноски го одбиле предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40%, односно над 10.000 денари до 2028 година.
-Трендафилов, Пешевски и Деаноски, го одбија предлогот не поради интересите на работниците, туку единствено затоа што одбиваат да потпишат нов колективен договор. Со договорот се гарантира раст на платите согласно Законот за минимална плата, плус дополнителни 8%, со што вкупното зголемување би достигнало 40% до 2028 година. ССМ бара 600 минимална плата, добива и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и истата ја одбива. Само затоа што се политички марионети СДС и Левица.
Трендафилов, Пешевски и Деаноски одбиваат нов колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес додека тие земаат над 80.000 денари плата и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година пари добиени од работниците, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да престанат да бидат политички послушници и лица зависни од партиско влијание на СДС и Левица и да го прифатат предлогот на Владата за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година.




