Сенаторот Џон Кенеди, одговара на прашањето дали американскиот Сенат е толку глупав како што изгледа однадвор:
-Па, дозволете ми да кажам вака. Не мора да бидете будалетинка за да бидете избран во Сенатот на Соединетите Држави. Внатре, со задоволство ќе ве обучат да бидете будала. Знаете, Конгресот е непопуларен. Разбирам зошто. Секоја анкета што ја видов, покажува дека ние сме популарни колку што се популарни габичните инфекции на ноктите на нозете. Постои причина за тоа. Мислам дека дел од тоа генерално, тоа што Американците денес, американските луѓе имаат многу помала доверба во своите институции. И тоа е, искрено, вина на двете партии. И тоа се случува во подолг временски период. Единствената институција што ја знам, можеби има и други во кои американскиот народ изгледа има доверба е војската, но освен тоа, бројките се намалени. Делумно, дозволете ми да го кажам ова, и ако бидам предол, прекинете ме, делумно причината е што многу луѓе се жалат дека Сенатот не прави ништо. И знаете, стара е шегата дека да не се прави ништо е тешко. Зошто, Затоа што никогаш не знаете кога ќе завршите. Но, делумно, Сенатот постои токму затоа.
Од друга страна, околу половина од мојата работа е да промовирам добри идеи. Другата половина од мојата работа е да убивам лоши
идеи. И тоа, во голема мера објаснува зошто Сенатот се движи толку бавно. Мислам дека и нашите основачи го имале тоа на ум, односно сакале Сенатот токму така да функционира.
Во интервју за Фокс Њуз, пак, на забелешката дека анкетите покажуваат водство на демократите пред републиканците кога станува збор за економската состојба во СА, Кенеди вели:
-Слушајте, мислам дека анкетата е точна. Кога мајките и татковците лежат будни навечер и не можат да спијат, тие не лежат таму грижејќи се – како што понекогаш мислат демократите – дали мажот може да дои бебе.
Тие се загрижени за трошоците за живот. Уморни се од тоа што мора да продаваат крвна плазма само за да купат намирници. Исцрпени се од растечките трошоци за домување и повисоките премии за осигурување. Би можела да продолжам да редам без престан.
Овие прашања треба да се решат и го охрабрив претседателот да ги реши.
Дали претседателот е одговорен за целата преостаната инфлација? Не. Тој помогна да се намали инфлацијата од 9% на приближно 3%. Но, луѓето сè уште го чувствуваат притисокот и за многу семејства тоа останува сериозен проблем.



