Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. Ги постави своите најблиски другари, се вели од соопштението од СДСМ, што го објавуваме интегрално.

Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.

Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.

Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби –  Драган Ковачки.

Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.

ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.

Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.

Сега кругот е целосно затворен.

Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.

Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.

Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.

Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.

Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.

Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда.
Фото: архива