-Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што се покажа како нетоично, експерти предупредуваа дека тоа не треба да се стори.
Така, д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, на 9 септември 2015 година, изјави:
„Употребата на маслото од канабис секако дека има позитивни страни, но како токсиколог мојот личен став е негативен. Од искуството со зависниците од дроги што го имам на Клиниката за токсикологија, најодговорно тврдам дека најголем дел од зависниците од хероин или други тешки дроги, прво почнале со употреба на марихуаната, па потоа поминале на потешки дроги. Второ, сметам дека во моментов државата нема да може докрај квалитетно да го контролира увозот и производството на маслото од канабис и сметам дека ако сега се легализира, ќе има повеќе злоупотреба, отколку корист”, истакна д-р Чибишев во изјава која тогаш ја објавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.
Денеска, тој потсетува на оваа негова изјава и за МИА додава:
-Тогаш, категорично бев против легализација на марихуаната и предупредував дека ние како општество не сме во состојба тоа да го менаџираме. По 10 години се покажува дека сум во право. Невиден криминал! – вели токсикологот д-р Чибишев.
МИА




