Европската унија се подготвува да го одложи брегзит најмалку до јули, ако премиерката на Велика Британија, Тереза Меј не успее да го протурка договорот во Парламентот, каде ќе биде одложено на гласањето утре, објави Гардијан.

Крајниот рок – 29 март за напуштање на ЕУ, се разгледува во Брисел како малку веројатен заради опозицијата во британскиоот Парламент и очекуваат молба од Лондон за продолжување на Членот 50 од Лисабонскиот договор во следните недели.

Посебна седница на врвот за одлагање на брегзит се очекува да биде органзиирана од претседателот на ЕС, Доналкд Туск по добивање молба од Лондон.

– Ако премиерот на Британија не извести дека има потреба за повеќе време за да добие поддршка за договорот, ќе биде предложено техничко продолжување до јули, изјавил за весникот висок дипломат во Брисел.