Италијанките Андреа Фетер и Марион Оберхофер го освоија денеска златниот медал во санкање во двојки во женска конкуренција на Зимските олимписки игри 2026 Милано-Кортина.
Фетер и Оберхофер дојдоа до олимпиското злато со резултат од 1:46,284 минути.
Сребрениот медал го освои германската двојка, Дијана Ајтбергер и Магдалена Матшина, со време од 1:46,404 минути.
Бронзениот медал им припадна на Австријките Селина Егл и Лара Кип (1:46,543).




