Бразилскиот алпски скијач Лукас Пињеиро Бретен го освои златото во велеслаломот на Олимписките игри во Милано во 2026 година.
Времето на 25-годишниот Норвежанец со бразилски пасош, во двете трки беше 2 минути и 25 секунди. Бретен му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата. Пред сезоната 2023/24, алпскиот скијач го објави своето пензионирање, а во март 2024 година се врати во спортот, но го замени норвешкото знаме со бразилското.
Швајцарецот Марко Одермат го освои сребрениот медал во велеслалом на Игрите во Италија (+0,58 секунди), додека неговиот сонародник Лоик Мејар освои бронза (+1,17).
На велесламоската трка настапи и Македонецот Виктор Петков кој на крајот го освои 55. место со 23,37 секунди заостанување зад победникот.




