Се е исто или барем слично, само наместо Зоран Заев, сега со тн. бомби мафтаат и се закануваат некои нови лица на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.

И многу од фразите од времето на Заев и тн. шарена револуција се исти или идентични. Како „одговорност ќе има“, „работата не е завршена“ и слично. Во времето на Заев, тн. шарена револуција и тн. бомби заевки, најчесто тој ги опалуваше, а сега таа привилегија им е дадена на „новите дечки бомбаши“ во партијата која буквално се води од познатото мото дека нападот е најдобра одбрана.

И, на прес-конференции секојдневно СДСМ удира со она што најмногу ја боли и во што е најранлива – тендерите. Во продолжение интегрално ја пренесуваме денешната прес конференција од Бихаќска, на истата партија која со Заев, „бомбите“ и шарената револуција го сруши „режинот“, и го смени името на Република Македонија. И зад себе за време на владеењето од 7 години остави мноштво наместени тендери, криминал, корупција… поради што рејтингот на партијата е најмизерен во историјата на нејзиното постоење, а нивни кадри се на меѓународни потерници за криминал и коруптивни дела.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на партискиот генсек Саша Димитријевиќ:

Денеска објавуваме уште една бомба, нова фирма, уште една меѓу омилените за власта.  74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, рече Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, на прес-конференција.

53 дена, речиси два месеци, толку време поминаа досега а нема ниту една институционална реакција на скандалите и криминалните тендери кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ. 53 дена, сите молчат. Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми. Обвинителството молчи, ДКСК молчи, Финансиска полиција молчи. Власта си го штити сопствениот бизнис.

Денеска објавуваме уште една бомба, нова фирма, уште една меѓу омилените за власта.  74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје.

Наглиот раст на склучени договори започнува во 2024 година, продолжува 2025 па се до денеска.

Само минатата година, 59 склучени договори, најголем дел од општини раководени од ВМРО – ОКГ.

Симптоматично, вредноста на овие договори речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите.

Ова е основен сомнеж – индикатор за наместени тендери и јавни набавки.

161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер за друга фирма преку општините, сега 74 тендери за трета фирма блиска до власта.

За тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ тендерите се како томбола која си ја даваат сами на себе.

Си делат милионски тендери, како колачи.

Додека нема пари за поголеми плати за работниците, нема за земјоделците, нема за поголема минимална плата се испумпуваат пари на народот преку тендери.

АКТ продолжува со работа.

Одговорност ќе има.

Работата не е завршена!

фото: СДСМ