Вчера во 15,30 часот на локалниот пат од Куманово кон село Речица, од страна на полициски службеници при извршена контрола и преглед на патничко возило „БМВ“, сопственост на Б.Н.(61) од Скопје, а управувано од С.М. (23) и К.А. (25) како сопатник, двајцата од Куманово, во возилото била пронајдена и одземена кеса со марихуана, по што лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Битола во периодот (11.01-13.01) при спроведени контроли кај осум возачи регистрира присуство на алкохол во крвта и тие се исклучени од сообраќај. Едно возило било технички неисправно и тоа било исклучено од сообраќај. Утврдени се и други прекршоци за кои на 62 возачи им биле изготвени мандатни платни налози и тие ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и девет прекршочни налози.
Вчера во 13,20 часот во СВР-Скопје С.Р.(26) од скопското село Сарај пријавил дека истиот ден во село Сарај од страна на две непознати лица бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 01,30 часот Б.Г. (47) од Скопје, пријавил дека на улицата „Зендел Џемаил“ биле запалени картонски кутии кои биле во близина на неговото комбе “Волксваген“, при што огнот го зафатил предниот дел од возилото. Извршен е увид.
Р.С.(49) од Скопје пријавил дека вчера околу 22,10 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ три лица физички ги нападнале неговиот син и неговиот другар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.