Холанѓанката Маријке Груневуд го освои златниот медал во женскиот масовен старт во брзо лизгање што беше последното натпреварување во брзо лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано и Кортина.
Трката донесе возбудлив финиш во кој Груневуд во последните 200 метри ја обезбеди олимписката титула.
Со сребрениот медал се закити Канаѓанката Ивани Блондин, додека Американката Миа Мањанело ја освои бронзата.




