Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со очила и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40 отсто од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па сè до одредувањето куќен притвор од Обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално.
Сакајќи да се измијат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.
Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале процена дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Истиот ден излезе директорот на затворот „Шуто Оризари“, Бобан Утковски, го демантира Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратила ниту усно ниту писмено до затворот за да побара мислење за безбедноста“.
Е па како донеле одлука во Обвинителството?
Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува?
Сè е јасно.
Затоа Обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за што СДСМ со месеци говори.
Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.
Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио.
Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.
Граѓаните гледаат и знаат сè.
Одговорност ќе има!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: Архива




