Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово денеска со воена свеченост припадниците на Третиот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада и останатите единици ја одбележале 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу.

– На одбележувањето, свежо цвеќе положија делегации од Командата и штабот на Првата пешадиска бригада, како и Третиот пешадиски баталјон, претставници од верските заедници, претставници на локалната самоуправа, владини и невладини организации, претставници од државниот и приватниот сектор со кои командата на гарнизонот Тетово остварува одлична соработка, соопштија од Армијата.
Според информацијата од Армијата, претходно, во касарната била спроведена крводарителска акција од страна на вработените во гарнизонот Тетово, при што се дарувани 32 единици крв.




