Буџетскиот дефицит на Франција во 2018 година достигна 76,1 милијарди евра, што е за 8,4 милијарди евра повеќе во споредба со претходната година кога изнесуваше 67,7 милијарди евра, јави МИА од Париз.
Според Министерството за акција и јавни сметки, кое ги објави овие податоци, продлабочувањето на дефицитот се должи на намалувањето на задолжителните давачки на платите и на дел од таксата за домување.
Сепак ланскиот дефицит е помал од предвидениот со Буџетот за 2018 година од 85,7 милијарди евра, како и од 80-те милијарди евра прогнозирани со буџетскиот ребаланс кон крајот од 2018 година.
Според Министерството, помалиот дефицит од предвидениот се должи на подобрите приходи од прогнозираните, како и на задржувањето на јавните трошоци на планираното ниво.
– Овие промени го зацврстуваат капацитетот на Владата да го задржи јавниот дефицит под три од БДП во 2018, втора година по ред, изјави францускиот министер за акција и јавни сметки Жерал Дарманан.