Иселените Турци по Првата светска војна се враќаат во Македонија. Според податоците до кои дојде Курир.мк, во периодот од 20 години од 2006-та до 2026-та во Македонија се доселени 16.589 лица од Турција,  а во Турција од Македонија се иселени 1.244 наши граѓани. Во превод, разликата вели дека за овие две децении државата има 15.345 Турци  повеќе од 2006-та година. Општопознато е дека кај Турците иселени по Првата светска војна и особено по Втората, сеќавањата за Македонија и одржувањето на врските со државата и љубовта кон неа беа на екстра високо ниво. Тие никогаш не ја заборавија Македонија.

На пописот во 1913-та, на територијата на денешна Македонија живееле 209.000 Турци, а на пописот во 2002-та само околу 77.000. Последниот попис во 2022-та оперира со бројки од околу 73.000 граѓани кои се декларирале како Турци.

Доселени/иселени Турци во и од Македонија во периодот од 20 години:

2006:  56  /  3

2007:  53  /  0

2008:  91  /  0

2009:  296 /  15

2010:  337  /  28

2011:  455  /  73

2012:  605  /  28

2013:  482  /  30

2014:  697  / 13

2015:  1324 /  30

2016:  784  /  31

2017:  918  /  80

2018:  812  /  111

2019:  1250  /  59

2020:  605  /  85

2021:  1263  /  113

2022:  1712  /  203

2023:  2049  / 235

2024:  3750  /  107

….

Вкупно во Македонија од Турција во периодот од 2006 – 2024 год:

Доселени:   16.589

Иселени:     1.244