СДС повторно играат на картата дека македонскиот народ има меморија на златна рипка. За нивна жал, дека не е така македонските граѓани покажаа на последните 4 избори, а ќе покажат и на следните, пишува Курир во врска со денешните партиски соопштенија на СДС и ДУИ кои сега глумат регулаторна комисија и бараат намалување на акцизите на горивата, а додека беа на власт на тоа не се сетија.
Не дека сознанието ќе ги спречи пи-арџиите со бели носиња од иљачот на Шмрчко да не прават нови глупоштии и да не продаваат демагогии.
Така и денеска, северните популисти побараа, ни помалку ни повеќе, владата веднаш да ги намали цените на горивата.
„Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро. (тие дечки, не ОНИ). Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат. Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи,“ срочија мизерните популистички демагози од Бихаќка.

Денеска, цената на дизелот е 85.5 денари, на бензинот е 79.5. Имаме меѓу најниските цени во регионот и Европа, во време кога целиот свет е потресен од војната во Иран.
За споредба, кога СДС беше на власт, немаше војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ стигна до неевројатни 107.5 ДЕНАРИ, А бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари, БС-98 цели 112 денари.
Чуму тогаш, пред цели 4 години со понизок стандард, минимална и просечна плата (сега пандан би биле над 130 денари за литар дизел) владата на СДС не ги намали цените за своите граѓани, туку забега и не’ убедуваше дека и не мора толку да возиме?
Среде корона, во која последни во свет добивме вакцини и бевме рекордери по смртност? Во исто време кога Филипче и другарчето Заев се возикаа со БМВ моторите од 30 и кусур илјади евра?
Рекордните цени на СДС се од 6 јуни 2022 година.
И не, немаме меморија на златна рипка, вие ја имате истата…



Извор: Курир




